
Пратеничката и членка на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва изјави дека по резултатите од локалните избори, во партијата мора да има одговорност, но дека е важно процесот да биде внимателен и насочен кон заздравување на организацијата.
Одговорност, се разбира, дека мора да има, и истата треба да се посочи. Е сега, како натаму таа ќе се рефлектира – дали тоа ќе бидат оставки, разрешувања и така натаму – тоа е следен чекор,“ изјави Петровска во гостување на Канал 5.
Таа нагласи дека целото раководство, како и членството, треба да ја преземат својата улога во анализата на поразот.
Сите ние кои сме дел од СДСМ имаме дел од одговорноста, и не можеме истата да ја сведеме само на лидерот или на кандидатите,“ порача Петровска.
Иако не ја исклучи можноста за оставки, таа оцени дека во моментов најважно е СДСМ да најде начин како да се издигне и да се консолидира по изборниот резултат.
Моето прашање е како СДСМ да го преживее ова и како да се издигне над сето ова,“ додаде таа.

Македонски







