
Општина Дебар доби нов багер „YANMAR“ кој ќе се користи за потребите на општината, со цел подобрување на комуналните услуги и зголемување на ефикасноста при извршување на задачите, објави општинската прес-служба.
Багерот е обезбеден во рамки на проектот за зајакнување на локалните капацитети, во кој Општина Дебар учествува со кофинансирање од 40 отсто. Проектот е реализиран со поддршка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Бирото за регионален развој, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој.

На предавањето на возилото присуствуваше градоначалникот Фисник Меља, кој оцени дека истото е добредојдено, зашто им недостигало на општинските служби.
Остануваме посветени на модернизацијата на опремата и подобрување на квалитетот на јавните услуги, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните, изјавил Меља.

Македонски








