Skip to main content

Мицкоски: Очекувам десетици потенцијални турски инвестиции по бизнис-форумот во Истанбул

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека по бизнис форумот во Истанбул, што се одржа минатата недела, очекува неколку десетици потенцијални турски инвестиции да се операционализираат во Македонија.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, претседателот Ердоган му кажал дека лично ќе се заложи што поголем турски инвеститори да дојдат во Македонија.

Како резултат на бизнис-форумот, во периодот што следува очекувам неколку десетици потенцијални инвестиции што ќе се операционализираат. Претседателот Ердоган ми кажа дека лично ќе се заложи што поголем турски инвеститори да дојдат во Македонија, а наша задача е тоа да го препознаеме и да отвориме нови работните места и оние што се надвор од државата да се обидеме преку добро платените нови креирани работни места, да ги вратиме дома – истакна Мицкоски.

Тој е дециден дека новата инвестиција што денеска ја најави на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, ќе се реализира со сигурност, за што, рече, веќе е потпишан договорот за поддршка со Владата.

МИА

Поврзани вести