Skip to main content

Кај Битола тешко се повреди постар американски параглајдерист

илустрација/Magnific

Вчера во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди.

Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, соопшти МВР.