
Во време кога технологијата секојдневно ги редефинира нашите животи, а вештачката интелигенција (AI) веќе не е иднина туку сегашност – Brainster повторно се наоѓа чекор пред сите.
По успешните академии во областа на софтверското инженерство, UX/UI дизајн и бизнис вештини, оваа образовна платформа го објавува својот најнов и најамбициозен потег досега: лансирање на неколку специјализирани AI академии кои почнуваат во октомври 2025 година.
Академиите што ја носат иднината
Во рамки на новиот фокус на Brainster кон технологиите на иднината, се отвораат неколку нови академии и се имплементира употребата и изучувањето на АI во постоечките академии. Сумирано, во моментов заинтересираните може да одберат една од следните академии:
AI за Претприемачи – За оние што сакаат да ги совладаат алгоритмите кои го движат ChatGPT, самовозечките коли и модерните препораки на Netflix.
Практична AI Академија – Место каде што податоците зборуваат, а студентите учат да го слушаат нивниот јазик.
Програмирање & AI – За визионери кои сакаат да водат развој на производи базирани на вештачка интелигенција.
Data Analytics & AI – Ексклузивна програма за менаџери и претприемачи кои сакаат да го разберат потенцијалот на AI од стратешки аспект.
Дигитален Маркетинг & AI – За оние што сакаат да ги совладаат алгоритмите кои го движат ChatGPT, самовозечките коли и модерните препораки на Netflix.
Графички Дизајн & AI – Место каде што податоците зборуваат, а студентите учат да го слушаат нивниот јазик.
Data Science & AI – За визионери кои сакаат да водат развој на производи базирани на вештачка интелигенција.
UX/UI Дизајн & AI – Ексклузивна програма за менаџери и претприемачи кои сакаат да го разберат потенцијалот на AI од стратешки аспект.
Човечки Ресурси & AI – За оние што сакаат да ги совладаат алгоритмите кои го движат ChatGPT, самовозечките коли и модерните препораки на Netflix.
Project & Product Management & AI – Место каде што податоците зборуваат, а студентите учат да го слушаат нивниот јазик.
Кога се средношколците во прашање, за нив се нудат академиите за графички дизајн и AI, дигитален маркетинг и AI како и веб-програмирање и AI, сите акредитирани од Бреинстер некст колеџот.
Сите програми се креирани со практичен пристап, ментори од индустријата и проекти со реални клиенти. Учењето овде не се сведува на теорија, туку на искуство што отвора врати.|
Brainster Next – факултет кој ветува… и испорачува
Паралелно со AI академиите, Brainster веќе три години го гради и својот најреволуционерен проект – Brainster Next факултетот, првиот ваков модел во регионот каде што студентите студираат бесплатно до вработување, со 100% гаранција за работа по дипломирање.
Со насоки во AI, софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн, во духот на развој на претприемничкиот дух кај студентите, овој факултет го редефинира значењето на „студирање“. Нема класични предавања, нема суво учење. Наместо тоа, студентите работат во тимови, на вистински предизвици, со ментори од компаниите кои подоцна и ќе ги вработат.
Новата генерација на студенти на Brainster Next ќе започне со настава од есен 2025 година – а местата се ограничени и со заинтересираност од над 10 пати повеќе од бројот на достапни места. Тоа доволно говори за квалитетот на понудата и препознавањето на визијата на Бреинстер некст колеџот.
Brainster+ : Микро-учење за макро-исчекори
Паралелно со големите програми, Brainster лансира уште еден иновативен производ – Brainster+. Се работи за онлајн платформа со самостојни курсеви од максимум 3 часа, дизајнирани од експерти од индустријата и креирани врз основа на реални потреби од пазарот на труд.
Овие курсеви се совршени за професионалци кои сакаат брза надградба, луѓе што менуваат кариера или студенти кои сакаат да учат „on the go“.
Трите категории што ја дефинираат платформата: Вештини за вработување – комуникација, лидерство, критичко размислување, емоционална интелигенција, креативност, и повеќе; технички вештини – React Native, PHP, веб програмирање, UX/UI, маркетинг, тестирање, HR, PPM и AI-вештини – основи на вештачка интелигенција, примена на AI во работа, и специфични алатки што се користат денес.
Brainster+ е жив систем – постојано се надградува со нови курсеви, базирани на фидбек од корпоративната мрежа на Brainster. Тоа значи дека содржината секогаш е во чекор со реалноста.
Размислување за иднината – стратегија која го следи пазарот
Brainster не лансира академии според мода, туку според реалната побарувачка. Развојот на AI академиите е резултат на стратешко истражување на глобалните трендови и локалните потреби.
Целта е јасна: да се создаде генерација на млади луѓе подготвени за работните места што сè уште не постојат – но ќе бидат клучни веќе утре.
Со кампањи на медиуми, социјални мрежи, бесплатни AI вебинари, интерактивни настани, и партнерства со компании, Brainster ја шири пораката: „Иднината не треба да те плаши – туку да те инспирира.“
HR и Project/Product Management академиите – успешна приказна што продолжува
Додека се поставуваат темелите на новите академии, тековните програми продолжуваат со успех. HR Академијата веќе продуцира tech recruiter-и и employer branding експерти кои се вработуваат во водечки ИТ компании.
Во меѓувреме, студентите од Project & Product Management Академијата ги развиваат своите вештини во Agile методологии, развој на дигитални производи и управување со тимови – и многумина од нив веќе го направија првиот чекор во својата нова кариера.
Развојот на иновативните продукти на Бреинстер е поддржан од Фондот за иновации и технолошки рзвој.