Skip to main content

Одеса под закана на руски напади, прогласена е тревога

-Во украинскиот град Одеса и регионот повторно е прогласена тревога поради извидувачки дрон во близина на градот, објави градоначалникот Генадиј Труханов на Телеграм.

-Постои голема закана од ракетен напад, се вели во неговата порака.

Извидувачкиот дрон моментално се наоѓа меѓу двата украински града на Црното Море – Одеса и Черноморск, објавија локалните канали на Телеграм.

Локалните власти ги повикуваат сите граѓани да се засолнат во засолништата за бомби додека не прекине алармот.

Поврзани вести