Skip to main content

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Република

По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Исто така, жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

Од јаното сообраќајно препријатие посочуваат дека работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Поврзани вести