Skip to main content

Робињо планира бизнис во затворот: Ќе отвори фирма за обложување со хакерот Валтер Делгати

Facebook / Robinho - Robson de Souza
Facebook / Robinho - Robson de Souza

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо, кој неодамна ја отслужи својата прва година во затвор во Тремембе (Бразил), не губи време во својот нов статус на затвореник.

На 41 година, Бразилецот, поранешен играч на Сантос, Манчестер сити, Милан и Реал Мадрид, беше осуден на девет години за групно силување на албанска државјанка во Италија во 2013 година во ноќен клуб во Милано, дело чиешто извршување тој отсекогаш го негираше, но чија казна не можеше да ја избегне.

Сега, хакерот Валтер Делгати, кој е во истиот затвор со поранешниот фудбалер (отслужува осум години и три месеци затвор за хакирање на системите на Националниот совет за правда), им кажал на разни жители на институцијата дека ќе отвори компанија за обложување со Робињо откако двајцата ќе го напуштат затворот. За такво нешто тие планираат да ја искористата славата на едниот и технолошката вештина на другиот.

Делгати и Робињо, за кого се верува дека ја добил идејата, се сместени во одделни ќелии во Тремембе, но често поминуваат време заедно во затворскиот двор, според локалните медиуми.

Робињо моментално се обидува да доие преместување во полуотворен затвор, но не успева да ја поништи пресудата на италијанскиот суд. Во меѓувреме, тој се фокусира на искористување на своето примерно и добро однесување и совршен однос со другите затвореници. Робињо поправа телевизори и радио уреди благодарение на 600-часовен курс по електроника, запишан е во клуб за читање, се грижи за градината и ги завршил сите 10 модули од Програмата за работа и граѓанско образование, барајќи намалена казна или барем полуотворен затворски режим – за секои 12 часа работа, ја намалува казната за еден ден.

Во меѓувреме, поранешниот фудбалер е сместен во ќелија од осум квадратни метри со друг 22-годишен затвореник, кој е затворен поради „наведување на некого на самоубиство или самоосакатување“.

Поврзани вести