
Славниот УФЦ борец, Конор Мек Грегор, планира да се кандидира за претседател во Ирска.
Секој друг претседателски кандидат нема да им пружи никаков отпор (на владата). Јас ќе го направам тоа! Гласајте за Мек Грегор и вашиот глас ќе се слушне“, напиша поранешниот шампион на УФЦ на платформата „Х“.
Клучна позиција на неговата претстојна кампања може да биде противењето на усвојувањето на миграцискиот пакт на ЕУ.
Меѓу другото, тој пакт ги обврзува земјите да примат одреден број мигранти годишно или да плаќаат за нивно преселување во други земји.
Претходно, Мек Грегор се сретна со Трамп во Белата куќа. Тој ја критикуваше ирската влада за време на брифингот.
