Skip to main content

Вардар ќе игра европска пролет во Лигата на Европа

 Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа синоќа на гостински терен против хрватски Сесвете со убедливи 38-24 и со тоа го обезбедија пласманот во плејофот на едно коло до крајот на групната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Вардар 1961 до својата четврта победа во петтото коло во групата Ф дојде со супериорна игра во која од самиот почеток го наметна својот квалитет.

Македонскиот тим веќе на полувремето обезбеди висока предност од 23-12 која рутински ја зачува до самиот крај на натпреварот во Загреб.

Урош Митровиќ со седум и Виктор Јанковски со шест голови беа најефикасни во редовите на Вардар 1961, додека Милош Валах запиша 11 одбрани на голот.

Со оваа победа Вардар ја задржа лидерската позиција и го обезбеди пласманот на едно од првите две позиции во групата кои обезбедуваат место во Топ 16 пред завршното коло во кое на 2 декември во Скопје ќе гостува француски Тулуз. 

Поврзани вести