Skip to main content

Тензии по ремито: Переира со провокација кон Лазаров во Хернинг

Селекторот на Португалија, Пауло Переира, предизвика непријатна сцена по натпреварот со Македонија, кога ја прекина изјавата на македонскиот селектор Кирил Лазаров и му дофрли коментар поврзан со жолтиот картон покажан на македонската клупа.

Инцидентот се надоврза на спорната ситуација во финишот од натпреварот, кога босанската судиска двојка првично не санкционираше удар во лице врз Георгиев. По бурната реакција на македонската клупа и интервенција со помош на видео-асистенција, одлуката беше коригирана во корист на Македонија – досуден беше седмерец и исклучување за португалскиот играч.

Македонската репрезентација го реализираше пеналот и изедначи на 29-29, што беше и конечниот резултат на натпреварот.

По завршувањето на мечот, Переира, минувајќи низ микс-зоната во Хернинг, упати ироничен коментар кон Лазаров со зборовите: „Многу добар жолт картон“, што дополнително ја вжешти атмосферата по драматичниот дуел.

Поврзани вести