
Најдобрите македонски машки ракометари ја освоија премијата – два милиони денари кои ќе ги поделат меѓусебе по победата вечерва над Романија на Европското првенство кое е во тек.
Пред почетокот на шампионатот беше најавено дека победа во групната фаза носи премија од два милиони денари, обезбедени од Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија.
Македонската репрезентација ја заврши групната фаза на првенството со една победа над Романија, одигра нерешено со Португалија и беше поразена од домаќинот и еден од фаворитите за медал, Данска.

Македонски




