Машката репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство 2025, откако во натпреварот со Катар триумфираше со 39:34. Нашата ракометна репрезентација сега има четири бода. Според калкулациите нашата репрезентација нема да заврши на последното место во групата и има големи шанси да обезбеди добар пласман.
Од самиот старт Македонија поведе со 3:1, а кружниот напаѓач Милан Лазаревски беше расположен, одбраната на ниво, што и донесе на Македонија водстство од 6:3 во 6-та минута. По предноста на Македонија од 7:4, следуваше пат во играта на македонската репрезентација, па Катар во 10-та минута намали на минус еден, 7:6. Кон средината на првиот дел веќе беше 9:9. Во 17 минута следуваше ново водство на Македонија 13:11.
Следуваше период, во кој нашата репрезентација успеа да заигра поангажирано и во 23-та минута дојде до плус четири. Македонијана пауза заминаа со 21:17.
Катар за две-три минути игра во вториот дел се закани намалувајќи на 22:20, по што нашите ракометари се одлепија на плус четири, 25:21. Избраниците на Лазаров наметнаа свое темпо кое Катарците не можеа да го следат и во последниот период од натпреварот влегоа со негатива од минус четири, 28:24.
Најефикасни кај Македонија беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, двајцата имаа по шест погодоци, по пет имаа Марко Митев и Ненад Костески. За МВП на натпреварот беше прогласен Марко Митев.