
Најдобрите македонски ракометари денеска беа на прием во Американската амбасада во земјава.
Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер , беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим, информираат Ракометната Федерација на Македонија.
Во рамки на посетата Претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и Селекторот г-дин Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025.
РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави – стои во објавата.