
Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, утrинава се предал и лишен e од слобода.
Бајрами, кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот со Државна лотарија, сам се пријавил кај надлежните органи.
По Бајрами беше распишна меѓународна потерница. Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби се меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во Државна лотарија.
Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи.

Македонски



