За време на натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Гвинеја, наши навивачи беа исфрлени од салата во Вараждин.
Одненадеж, на трибините избувнаа тензии, а реагираше обезбедувањето и полицијата кои доста агресивно исфрлија надвор од трибини неколку наши навивачи.
Засега не е позната причината за овој потег. Обезбедувањето е зголемено во салата на натпреварите на Македонија по инцидентите со Холандија.