
Селекторот на машката македонска ракометна репрезентација Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари за настап на светското училишно првенство во период од 21-29 април 2026 година што ќе се игра во Скопје.
Повикани се следниве ракометари: Атанасиј Труснов, Мели Фехми (голмани); Тома Симоновски, Андреј Георгиев, Лука Јовиќ (крила), Горазд Дамчевски, Марко Ѓорчевски, Петар Николовски, Трајче Костов, Давор Крстески, Стефан Ѓорѓиевски, Бобан Поповски (бекови), Ѓорѓи Лешниковски и Кристијан Вујичевски (пикери).
Македонските млади ракометари противниците во групата ќе ги дознаат вечерва кога ќе биде извршено и извлекувањето. На Светското училишно првенство ќе се настапат 21 репрезентација,кои ќе бидат поделени во четири групи (три со пет селекции и една со шест), а првопласираните од групите ќе играат во полуфиналето.

Македонски


