
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ја призна грешката на аргентинските судијки на дуелот меѓу Србија и Фарски острови. Жалбата на Ракометниот сојуз на Србија е прифатена.
Во последниот напад на вчерашниот натпревар беше досуден пасивен напад од страна на српската репрезентација Јована Јововиќ, која потоа доби и црвен картон поради опструкција на играта.
По анализата на ситуацијата и судиската експертиза утврдено е дека Србија е оштетена од страна на аргентинските судијки и тие со својата одлука влијаеле на конечниот резултат.
Направена е неправда. Упатуваме апел судењето до крајот на Светското првенство да биде регуларно и судиите да не влијаат на конечниот резултат, се работи за завршница и борбата за пласман, изјави генералниот секретар на РСС Иван Миливојевиќ.
За репрезентацијата на Србија да избори четвртфинале на првенството потребно е да освои бод на утрешниот дуел со Црна Гора

Македонски







