Skip to main content

Хрватските ракометари се на директна врска со Томпсон, вечерва се очекува „фешта“

Иако Градот Загреб започна со организирање на приемот на ракометарите градоначалникот не се согласи Томпсон да настапи на главниот плоштад, поради што Хрватскиот ракометен сојуз одлучи дека нема да има прием.

Сепак, Владата на Хрватска директно ја презеде организацијата на приемот, ја погази одлуката на градските власти и ќе организира прием на плоштадот Бан Јелачиќ во центарот на Загреб, со Томпсон.

Ова го потврди хрватскиот министер за спорт Тончи Главина, кој беше меѓу службените лица кои ги пречекаа ракометарите.

  • Градот Загреб рече не на спортот, ракометарите, народот и прославата на нашите врвни спортски успеси. Ова е неприфатливо за нас и многу сме тажни. Владата го сака спортот и вели да на спортот, да на ракометарите, на народот, на хрватските патриотски песни. Донесовме одлука и владата, заедно со ХРС, организира величествен прием за ракометарите на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ денес во 18 часот. Ги покануваме сите граѓани да се приклучат на прекрасната атмосфера.

На прашањето дали Марко Перковиќ Томпсон ќе настапи, тој рече дека сите желби на ракометарите ќе бидат исполнети.

Поврзани вести