Skip to main content

Алкалоид го победи АЕК среде Атина, портите кон пехарот се отворени

Ракометарите на Алкалоид со голема победа се враќаат од Атина против АЕК од првиот натпревар од финалето од Европскиот куп на ЕХФ. Алкалоид славеше со 25-29 и овие четири гола ќе ги брани во возвратниот натпревар по седум дена во Скопје.


Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Сефаримов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно девет интервенции, додека двоцифрен со десет одбранети удари беше Марко Кизиќ.

На почетокто од второто полувреме, навивачите на АЕК предизвикаа инцидент и прекин и со шише во глава го погодија младиот Дамјан Митев. Мечот за кратко продолжи.

Поврзани вести