Skip to main content

Задутре почнува Вимблдон, Ноле прво со Милер

Инстаграм/djokernole

Рекордерот според освоени грен слем титули, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе игра во првото коло на Вимблдон против Французинот Александар Милер (АТП-40), одлучи денешната жрепка во Лондон.

Доколку Ѓоковиќ ја мине првата пречка, во второто коло ќе игра против победникот од британската пресметка меѓу Џеј Кларк и Ден Еванс.

Шпанецот Карлос Алкараз ќе ја почне одбраната на титулата против Италијанецот Фабио Фоњини, додека светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, ќе стартува на Вимблдон против својот сонародник Лука Нарди.

Во женска конкуренција, ланската шампионка Барбора Крејчикова ќе ја почне одбраната на титулата против Филипинката Александра Еала

Поврзани вести