Skip to main content

Втор настап на Ставре Јада на ЗОИ 2026

Фејсбук профил на Македонски олимписки тим

Македонскиот олимпиец Ставре Јада денеска ќе го има вториот настап на ЗОИ во Милано Кортина. Тој ќе се појави на стартот во трката на 10 километри слободен стил. Јада имаше веќе еден настап во дисциплината спринт кога го освои 89.место во конкуренција на 94 натпреварувачи со пласман.

Вчера настап имаше и Ана Цветановска во дисциплината 10 км, таа го освои 105.место во конкуренција на 108 натпреварувачки кои остварија пласман.

Ова воедно е последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават на патеките – Виктор Петков на 15.февруари и Јана Атанасовска на 18.февруари.

Поврзани вести