
Виница викендов беше домаќин на последното коло од Државното првенство во бадминтон за сезоната 2026, кое се одржа во спортската сала „Капетан Кирчо Димитриов“.
Како градоначалник, горд сум што нашиот град беше домаќин на еден ваков спортски настан, но уште поголема гордост ми претставуваат нашите млади натпреварувачи од БК „Винчини“, кои, покрај тоа што клубот постои релативно краток период, веќе покажуваат одлични резултати, голема борбеност и желба за напредок“, вели градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, во објава на својот ФБ профил.

На турнирот се натпреваруваа деведесетина учесници во категориите У9, У11, У13, У15, У17, У19 и сениори. Екипата од Виница настапи со млади бадминтон играчи во категориите У9, У11 и У13 и освои вкупно шест медали.

Овој успех е потврда дека со посветеност, упорност и вистинска љубов кон спортот се постигнуваат резултати. Особено радува фактот што во Виница се создаваат нови спортски приказни и се отвораат можности за нашите најмлади да го развиваат својот талент и да ги достигнуваат своите цели“, смета Костадиновски.

Македонски



