Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој победи во квалификациите за Големата награда на Катар, доби парична казна и ја загуби пол-позицијата, соопшти прес-службата на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
Дваесет и седумгодишниот Холанѓанец извози најбрз круг со време од 1 минута 20.520 секунди.
По еден круг, Верстапен значително ја намали брзината за да ги излади гумите, но остана на патеката. Со ова, возачот на Ред Бул му пречеше на британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел, кој стана втор во квалификациите и затоа доби казна.
Верстапен ќе стартува од второто место на главната трка на етапата во Катар, која ќе се вози попладне од 17 часот по македонско време.