Skip to main content

Успешно заврши првата ноќна трка низ скопско Дебар маало

Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

Настанот привлече учесници од 23 градови од Македонија и вкупно девет земји, а 50% од тркачите беа помлади од 30 години. Со старт и цел пред Општина Центар, на улицата „Орце Николов“, учесниците се натпреваруваа на две дистанци: полумаратон од 21 километар и трка на 5 километри.

ПОБЕДНИЦИ НА ПОЛУМАРАТОНОТ – 21К

Во женска конкуренција, победи Адријана Поп Арсова Рашиќ со време 1:18:26 и награда од 20.000 денари. Второто место го освои Биљана Кираџиева со 1:24:30 и награда од 15.000 денари, а третото Марија Остојчиќсо 1:37:37 и награда од 10.000 денари.
Во машка конкуренција, прв беше Бојан Чаприќ со време 1:14:50 и награда од 20.000 денари. Втор заврши Димитар Илиев со 1:15:05 и награда од 15.000 денари, а трет Кокан Ајановски со 1:15:38 и награда од 10.000 денари.
Сите освојувачи на првите три места на полумаратонот се од Македонија.

ПОБЕДНИЦИ НА ТРКАТА НА 5 КИЛОМЕТРИ
Во женска конкуренција, победи Дарија Крстевска со време 18:47 и награда од 12.000 денари. Второто место го освои Снежана Димовска со 21:21 и награда од 9.000 денари, а третото Бистра Груевска со 21:28 и награда од 6.000 денари. Сите три првопласирани се од Македонија.
Во машка конкуренција, победи Албион Имери од Косово со време 15:35 и награда од 12.000 денари. Втор беше Григоријан Никовски од Македонија со 15:50 и награда од 9.000 денари, а трет Урош Гутић од Босна и Херцеговина со 17:13 и награда од 6.000 денари.
Вкупниот награден фонд изнесуваше 144.000 денари, со еднакви награди за жените и мажите на двете дистанци.

Поврзани вести