Skip to main content

Трајковски вечерва во битка за медал на атлетското Европско првенство

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски вечерва ќе настапи во финалето во дисциплината скок во далечина на Европско првенство во сала кое се одржува во холандскиот град Апелдорн.

Пласманот во финалната серија и шансата да се бори за историски медал за македонската атлетика Трајковски го обезбеди во вчерашните квалификации кога во третата серија прескокна 7.85 метри.

Со овој резултат Трајковски како седмопласиран се најде меѓу осумте финалисти, а воедно го подобри и македонскиот рекорд во скок во далечина.

Финалето во скок во далечина во машка конкуренција е на програмата вечерва со почеток во 20:30 часот.