Skip to main content

Сабаленка граби кон нова титула во Австралија

) – Одредени се сите четвртфинални двојки во женска конкуренција на Австралија опен. 

Првиот светски рекет, Арина Сабаленка (Белорусија) ќе се соочи со Ива Јовиќ (29-та носителка) од САД.

Втората светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан (5. на светската ранг-листа).

Во другите два четвртфинални пара ќе се сретнат:

Џесика Пегула (6. носителка) САД – Аманда Анисимова (4. носителка)

Коко Гоф (САД 3. носителка) – Елина Свитолина (Украина 12. носителка)

Актуелната шампионка Медисон Кис од САД нема да го одбрани трофејот, бидејќи загуби од Пегула во четвртото коло.

Финалето на Австралија опен во женска конкуренција ќе се одржи на 31 јануари. 

Поврзани вести