
Новак Ѓоковиќ откри детали за неговата состојба откако му го предаде мечот на Александар Зверев.
По големата борба во првиот сет која заврши со тај-брејк, Новак му пријде на Германецот и му честиташе за пласманот во финалето.
По натпреварот тој им се обрати на медиумите.
- Немам погодено топка од натпреварот со Алкараз до пред овој натпревар. Направив се за да ја регулирам таа празнина во мускулот. Физио-работата донекаде ми помогна, но како што се движевме кон крајот на сетот, чувствував се поголема болка, беше премногу за поднесување. Се обидов, но ете.