Skip to main content

Ноле не може да победи ниту на егзибиција

Најдобрите тенисери во светот, Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, втора година по ред ќе играат за наградата од шест милиони долари на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад.

Синер го победи Алкараз со 6-7 (5), 6-3, 6-3 во финалето на минатогодишното инаугуративно издание на турнирот за да ја освои најголемата награда во историјата на тенисот.

Алкараз в сабота ќе има шанса да му се реваншира на Италијанецот, откако двајцата лесно ги победија своите противници со идентични резултати во вчерашните полуфиналиња.

Карлос Алкараз го победи Американецот Тејлор Фриц со 6-4, 6-2, а потоа Јаник Синер го стори истото со Новак Ѓоковиќ

Поврзани вести