
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија.
Таа денес во полуфиналето на W75 турнирот во Букурешт ја совлада првата носителка, Деспина Папамихаил од Грција со 2:0, по сетови 6:2 и 6:2.
Ова е петто финале за Македонката во 2025 година и четврто последователно.
Турнирот во Букурешт се игра за награден фонд од 60.000 долари