Skip to main content

На Ролан Гарос церемонија во знак на Надал

Фото: Принтскрин

Церемонија во чест на поранешниот светски тенисер број еден, Шпанецот Рафаел Надал, се одржа на централниот терен на Ролан Гарос.

Гледачите на трибините во Париз дојдоа облечени во маички со натпис „Merci Rafa“ (Ти благодарам, Рафа). Тие го поздравија 22-кратниот шампион на Гренд слем со аплауз. Овациите траеја неколку минути. За време на церемонијата, на големото платно беше прикажано видео со главните моменти од кариерата на поранешниот тенисер. Самиот Надал едвај можеше да ги задржи солзите додека го гледаше видеото.

Надал се пензионираше во 2024 година на 38-годишна возраст. 

Вкупно, тој има освоено 92 АТП титули во поединечна конкуренција. Шпанецот го држи рекордот за најмногу победи на Отвореното првенство на Франција (14).