
Македонската Дејвис куп репрезентацијата е во негатива од 0:2 по првиот ден од двата сингл меча во Втората Светска група од Дејвис купот против Кипар во Никозија.
Домаќинот во првите два меча оствари сигурни победи што му донесе предност и водство.
Според програмата за денеска прво е предвиден мечот во двојки и за нашата репрезентација треба да настапат Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ, додека за ривалот на теренот треба да се појават Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос.
По завршувањето на мечот во двојки, следуваат другите два сингл меча.
Селекторите на двете репрезентации имаат право на промена на играч пред одигрувањето на мечевите.

Македонски



