Skip to main content

Коко Гоф против Боасон во полуфиналето на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф попладнево ја победи својата сонародничка Медисон Кис во четвртфиналето на Ролан Гарос со резултат 6:7 (6:8), 6:4, 6:1.

Мечот траеше 2 часа и 13 минути. Дваесет и едногодишната Гоф имаше еден ас, 10 двојни грешки и девет освоени брејк топки од 17 шанси.

Триесетгодишната Кис имаше четири грешки на вториот сервис и пет конвертирани брејк топки од 10.

Во полуфиналето Гоф ќе се соочи со Лоис Боасон oд Франција. 

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 56,4 милиони евра.

Поврзани вести