
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од новата сезона ја очекува настапот на Австралија Опен во Мелбурн.
„Во јануари е почетокот на сезоната и не може да се има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот“ и ќе изборам пласман на главниот турнир“, изјави Ѓорческа за официјалниот сајт на Македонската тениска федерација.
Ѓорческа трета година ќе биде дел од квалификациите на првиот грен слем во календарската година, а со својот прв настап во Мелбурн беше на чекор до главниот турнир.
„Сон на секој тенисер е да учествува на Грен слем турнирите, така и за мене. Се надевам дека ќе имам учество и на „главен турнир“, но оваа година ќе има и настапи на повеќе ВТА турнири“, изјави Ѓорческа.
За настапот во Австралија опен, најдобрата македонска тенисерка се подготвува во Скопје, а за Мелбурн ќе патува на 4. јануари

Македонски







