Норвешката скијачка Тереза Јохауг победи во скиатлон на шестата етапа на Тур де ски во италијанскиот зимски центар Вал ди Фием.
Триесет и шестгодишната Јохауг трката ја заврши со време 54 минути 53,3 секунди.
Австријката Тереза Стадлобер беше втора со 30,6 секунди заостанување зад лидерот.
Првата тројка ја комплетираше уште една Норвежанка, Астрид Слин. Таа го загуби среброто во фото-финиш.