
Новак Ѓоковиќ во интервју за германското издание на „20 минути“ отворено зборува за своето легендарно соперништво со Рафаел Надал и Роџер Федерер (заедно имаат 66 гренд слем титули).
Српскиот тенисер си „ја отвори“ душата“ на новинарот Паскал Ракштул, со кого разгораше за недостатокот на наклонетост од навивачите за време на неговата кариера и за неговиот однос со Федерер и Надал.
Никогаш не бев толку сакан како нив двајца“, признава Ѓоковиќ.
Србинот, кој има 38 години и загуби во полуфиналето на Ролан Гарос од Синер, признава дека создал контроверзии за време на неговата кариера.
Јас сум човек со многу недостатоци, се разбира. Сепак, секогаш се обидував да живеам со срце и добри намери и, на крајот, да бидам свој. Се чувствував како несакано дете. Се прашував зошто. Болеше. Потоа помислив дека навивачите ќе ме прифатат ако постапам поинаку. Но, ниту тоа не беше случај“, раскажуваа тој.
Ѓоковиќ смета дека никогаш не бил толку сакан како Федерер и Надал затоа што „не требало да биде таму, на врвот меѓу нив“.
Бев малиот, третиот човек што влезе и рече: „Ќе бидам број еден“. На многу луѓе тоа не им се допадна“, вели Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер не го крие фактот дека во многу фази од неговата кариера, неговиот однос со Рафаел Надал и Роџер Федерер бил ладен, но само од спортски причини, а не од лични.
Само затоа што некој ми е најголем ривал не значи дека му посакувам лошо, го мразам или сакам да направам нешто друго на теренот за да го победам. Се боревме за победа, а најдобриот играч победи. Секогаш ги почитував Роџер Федерер и Рафаел Надал. Никогаш не сум рекол ниту еден лош збор за нив и никогаш нема да кажам. Им се восхитував и сè уште им се восхитувам. Но, секогаш сум се сложувал подобро со Надал“, објаснува Ѓоковиќ.