Skip to main content

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Инстаграм/djokernole
Фото: Инстаграм/djokernole

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против Британецот Даниел Еванс. Српскиот тенисер со 3:0 во сетови (6:3; 6:2; 6:0) со само пет загубени гема успеа да го елиминира Еванс.

Во првиот сет Ѓоковиќ се мачеше со реализацијата на брејк топките и ја искористи дури 10.та за да поведе со 5:3 во гемови и да го добие првиот сет. Во вториот сет реализацијата му беше стопроцентна и од две прилики имаше два брејка, додека во третиот сет на ривалот не му дозволи да освои ниту еден гем

Во третото коло противник на Ѓоковиќ ќе му биде сонародникот Миомир Кецмановиќ.

Од фаворитите од денешната програма кај мажите Григор Димитров од Бугарија со 3:1 во сетови го победи Корентин Муте од Франција, додека Алекс де Минуар од Австралија го совлада Артур Казо од Франција со 3:1 во сетови. 

Поврзани вести