Skip to main content

Ѓоковиќ: Казната за Јаник Синер е неправедна

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ја опиша тримесечната суспензија на светскиот рекет број еден Јаник Синер поради допинг како „неправедна“.

Се чини дека можеш да влијаеш на исходот ако си врвен играч и имаш пристап до најдобрите адвокати. Синер и Швионтек се невини, тоа е докажано. Случаите привлекоа големо внимание и тоа секако не е во интерес на нашиот спорт. Разговарав со голем број играчи во соблекувалната не само во последните неколку дена, туку и во претходните месеци. Повеќето од нив се незадоволни од тоа како се одвивал целиот процес. Ова е неконзистентно и одлуката изгледа многу неправедна. Тоа е сè што можам да кажам за ова прашање. Време е навистина да се справиме со системот. Јасно е дека структурата не работи како што треба, рече Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Фернандо Вердаско во двојки забележаа успешен старт на АТП-500 турнирот во Доха (Катар). Тие во првото коло ги победија Казахстанецот Александар Бублик и Русинот Карен Хачанов – 6:1, 6:1 за 50 минути игра. 

Поврзани вести