Skip to main content

Ф1: Антонели ја освои ГН на Шпанија

Фото: Принтскрин од видео

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, победи на денешната трка во Мадрид за Големата награда на Шпанија во Формула 1 и го зголеми своето водство во генералниот пласман.

Антонели на патеката „Мадринг“ ја забележа својата осма победа во кариерата и води во генералниот пласман со 292 бодови, 81 повеќе од второпласираниот Џорџ Расел.

Второто место на денешната трка го освои возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, а трет беше актуелниот шампион, Ландо Норис во болидот на Мекларен.

Од четвртото до десеттото место се пласираа Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес), Лиам Лосон (Ред Бул), Франко Колапинто (Алпин), Оскар Пјастри (Мекларен), Арвид Линдблад (Рејсинг Бул) и Нико Хулкенберг (Ауди).

Следната трка во шампионатот е на 26 септември во Баку за Големата награда на Азербејџан.

Поврзани вести