Skip to main content

Државата за македонскиот спорт додели 440 милиони денари

Република Македонија го одреди државниот буџет со кој ќе се помага спортот во новата календарска година. Утврдено е дека како средства ќе бидат распределени 440.000.000 денари, преку Министерството за спорт.

Информацијата е објавена во Службен весник, а во продолжение прочитајте ја објавата на државните органи во целост.

ПРОГРАМА ЗА СУБВЕНЦИИ ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ ЗА 2025 ГОДИНА
I. Со оваа програма се распределуваат средства за партиципација во финансирањето на субјекти-корисници од дејноста спорт: националните спортски федерации, спортските клубови, спортистите кои се натпревaруваат во индивидуалните спортови и други субјекти кои имаат решение за дејност спорт во рамки на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2025 година.

Со партиципацијата во финансирањето на односните субјекти-корисници се поттикнува развојот на македонскиот спорт во повеќе сегменти, односно: за развој на националниот систем на натпревари кој го реализираат националните спортски федерации, за остварување тренажни процеси на спортисти поединци, национални тимови и клупски екипи заради нивно учество во рамки на меѓународен систем на натпревари и учество на спортските клубови во рамки на меѓународен клупски систем на натпревари, за обезбедување услови за функционирање на органите и телата на националните спортски федерации и спортските клубови, за организација на светски, европски и регионални меѓународни спортски натпревари и традиционални спортски манифестации, за примена на науката во спортот преку вршење антрополошки мерења на спортистите од страна на јавна високообразовна установа која обезбедува наставна, научна и апликативна дејност од областа на спортот, за поттикнување на развојот на параолимпис- киот, училишниот и универзитетски спорт и спортот за лица со оштетен вид и слух, како и за поттикнување на спортската рекреација.

Средствата за реализација на оваа програма во вкупен износ од 440.000.000,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македо- нија“ бр. 254/24) во Раздел 16201 – Министерство за спорт, а Министерството за спорт се определува истите да ги користи за:

  1. Партиципација за финансирање на АКТИВНИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ

Средствата се наменети за партиципација во финансирањето на активностите на активните спортски клубови заради: учество во национа- лен систем на натпревари, учество во меѓународен систем на натпревари за индивидуалните олимписки и неолимписки спортови и меѓународен клупски систем на натпревари за екипните олимписки спортови (ракомет, фудбал, кошарка и одбојка), обезбедување тренажни процеси на спортисти поединци и клупски екипи, обезбедување нивна функционалност (просторни ресурси, спортска опрема и реквизити, човечки ресурси и администрирање, тренажен кадар за националните тимови, организација на натпревари, бонуси за натпреварувачите и тренерите, за примена на науката во спортот преку вршење антрополошки мерења на спортистите и обезбедување здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и осигурување од последици од несреќен случај и ризици на спортистите, за што се утврдени средства во износ од 363.880.000,00 денари.

  1. Партиципација за финансирање на АКТИВНИТЕ СПОРТИСТИ ОД ИНДИВИДУАЛНИТЕ ОЛИМПИСКИ И НЕОЛИМПИСКИ СПОРТОВИ

Средствата се наменети за партиципација во финансирањето на активните спортисти од индивидуалните олимписки и неолимписки спортови заради: учество во национален и меѓународен систем на натпревари, обезбедување тренажни процеси на спортисти поединци и национални тимови, обезбедување спортска опрема и реквизити и обезбедување здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и осигурување од последици од несреќен случај и ризици на спортистите, за што се утврдени средства во износ од 10.120.000,00 денари.

  1. Партиципација за финансирање на ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА со решение за вршење дејност спорт (националните спортски федерации за училишен спорт, универзитетски спорт, за спортска рекреација, за слепи, за глуви, сојуз на спортски федерации).

Средствата се наменети за партиципација во финансирањето други правни лица со решение за вршење дејност спорт заради: организација на национален систем на натпревари, турнири, традиционални спортски манифестации, регионални спортски натпревари, меѓународни спортски натпревари кои се дел од календарите за натпревари на соодветните меѓународни спортски асоцијации, подготов- ки на национални тимови и спортисти поединци за нивно учество во рамки на меѓународни спортски натпревари, редовно регулирање на обврските поврзани со годишни членарини и котизации за учество на спортистите во рамки на меѓународните спортски натпревари, обезбедување нивна функционалност (просторни ресурси, спортска опрема и реквизити, човечки ресурси и администрирање, тренажен кадар за националните тимови), за примена на науката во спортот преку вршење антрополошки мерења на спортистите и обезбедување здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и осигурување од последици од несреќен случај и ризици на спортистите, за што се утврдени средства во износ од 8.800.000,00 денари.

Поврзани вести