Skip to main content

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова ќе настапат на Светското првенство во атлетика

Денеска започна Светското првенство во атлетика кое се одржува во Токио, Јапонија во периодот од 13 до 21 септември 2025 година.

На ова големо натпреварување ќе настапат најдобрите македонски атлетичари Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова, по претходно остварени норми преку ранкинг системот на Светска Атлетика.

Прва на програмата ќе настапи Поп Арсова, утре 14 септември (недела) во дисциплината маратон со почеток од 7:30ч. по локално време, односно 00:30ч. по централно европско време.

Ивановски својот настап ќе го има во понеделник 15 септември, во дисциплината маратон, исто така со почеток во 7:30ч. (00:30ч. ЦЕТ).

За што подобар пласман во главниот град на Јапонија учествуваат над 2.200 натпреварувачи. Медалите ќе бидат доделени во 49 дисциплини во текот на девет дена на Олимпискиот стадион.