Skip to main content

Дарио Ивановски е вицешампион на Белградскиот маратон

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски оствари одличен резултат на маратонот во Белград, каде утрово го освои второто место.

Иако не успеа да го подобри личниот рекорд, Ивановски трката ја заврши со време од 2:09:35, што сепак беше доволно за висок пласман на подиумот. Победата ја однесе Гемсиса Гада од Етиопија со време од 2:09:11, додека трет заврши Кениецот Џон Ерот.

Поврзани вести