
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека е малку „љубоморен“ на ситуацијата на Италијанецот Јаник Синер, кој е суспендиран од натпреварување поради допинг случај.
Алкараз би сакал исто така да има можност да паузира од тенисот.
-Навистина би сакал да поминам еден месец не правејќи ништо, навистина. Играме 11 месеци без престан. Да се игра со висок интензитет во овој период, да се вложи многу напор – физички и психички – и да се има само три или четири дена одмор по ред не е во ред. Мислам дека е важно за навивачите и за тенисот воопшто да се одморат за да можеме да се вратиме на теренот и да играме подобро, изјави Алкараз за „Tennis World USA“.
Во февруари, 23-годишниот Синер и ВАДА постигнаа договор според кој спортистот ќе одлежи тримесечна дисквалификација (од 9 февруари до 4 мај), поради кршење на антидопинг правилата а потоа ќе може да се врати на теренот.