
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на турнирот АТП Мастерс 1000 на земјена подлога во Рим, откако во полуфиналето го победи домашниот тенисер Лоренцо Мусети.
По два часа игра, Алкараз победи со 6-3, 7-6(4), совладувајќи го Мусети петти пат во кариерата, во нивниот шести натпревар.
Во финалето, в недела, Алкараз ќе игра против победникот од вториот полуфинален натпревар, меѓу првиот носител Италијанецот Јаник Синер и Американецот Томи Пол.
В сабота, во женското финале во Рим ќе играат Италијанката Јасмин Паолини и Американката Коко Гоф.