
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денес загуби од Белгиецот Зизу Бергс во третото коло на турнирот АТП 1000 во Шангај со 5:7 и 6:7 (4:7).
Мечот траеше 2 часа и 3 минути.
Третиот тенисер во светот, Алкараз, сервираше пет аса, направи две двојни грешки и реализираше две од две брејк топки.
Триесет и деветтиот на АТП ранг-листата, Бергс, сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше три од четири брејк топки.
Противник на Белгиецот во четвртото коло ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Томи Пол (САД) и Валентин Вашеро (Монако).

Македонски


