Skip to main content

Во Белград се одржа комеморација за Дражен Далипагиќ: Отиде најдобриот од нас, рече Душко Вујошевиќ

:Комеморацијата за смртта на еден од најдобрите европоски кошаркари во историјата легендарниот Праја-Дражен Далипагиќ се одржа денеска во градското собрание на Белград.

Меѓу присутните можеа да се забележат Зоран Мока Славниќ, Драган Кичановиќ. Жељко Обрадовиќ, Драган Стојковиќ Пикси, Предраг Мијатовиќ, Александар Ѓоргевиќ, Божидар Маљковиќ, Душко Вујошевиќ, Предраг Даниловиќ, Дејан Бодирога,Светислав Пешиќ, …. се само некои од личностите од светот на спортот кои пристигна на комеморацијата.

Легендарниот тренер на КК Партизан, Душко Вујошевиќ одржал говор на комеморацијата по повод смртта на прославениот кошаркар и тренер Дражен Далипагиќ.

Се обраќам пред семејството Далипагиќ и ми припадна голема чест на овој собир на кој се собравме за полесно да ја поднесеме тагата, свесни дека отиде најдобриот од нас. Овој собир излезе од рамките на пораката која ја остави да нема никакви комеморативни собири но неговата величина просто е таква што тој веќе не можеше да влијае“.

„Беше голем Југословен и по генетика но пред сè по определување. Стана Белграѓанец (инаку роден Мостарец) и ми викаше: „Дојдов во главниот град на Југославија“. Јас и денес кога ќе ја слушнам химната на Југославија се сеќавам на таа генерација како стои на победнички подиум. И денес станувам кога ќе ја слушнам, а ќе биде засвирана и денес на испраќањето на Праја (Дражен Далипагиќ). Многу ја сакаше Југославија, ја сметаше за аксиом, нешто што не се објаснува“, рече Вујошевиќ.

Погребот на легендарната Праја, една од најголемите на сите времиња, ќе се изврши истиот ден во Белград во друштво на членовите на семејството и пријателите.

Поврзани вести