Skip to main content

Тренерот на Пелистер за тримфот во Европа: Оваа победа многу ни значи

Фејсбук КК Пелистер

Кошаркарите на Пелистер ја постигнаа првата победа во ФИБА Европа купот. На дуелот одигран синоќа во Битола пред својата публика го совладаа словачкиот тим Приевизда.

Приевизда е добар тим, со квалитетни странци кои знаат да вршат притисок резултатски во почетокот на натпреварот. Ја задржавме нивната мисија, не дозволивме да се одлепат, а во второто полувреме успеавме да создадеме предност и да држиме контрола. Одработивме одличен скаутинг на противникот, но пак имаме наивни грешки кои не смееме да ги правиме. Овој натпревар и оваа победа многу ни значат, не само нам, туку и на навивачите и на цела Битола“, изјави Борче Даскаловски тренер на Пелистер.

Македонскиот претставник во ова натпреварување следниот натпревар го игра на гостински терен кај екипата на Керавнос од Кипар. 

Поврзани вести