
Лејкерси ја победија Филаделфија претходната вечер со резултат од 119:115, а натпреварот за жал беше обележан со повреда на најдобриот играч на тимот од ЛА – Лука Дончиќ.
Во првото полувреме, по еден дуел, Лука почувствува силна болка во левата нога. Се фати за коленото и веднаш го напушти теренот. Отиде во соблекувалната и не се врати на теренот. Камерата го фати Лука на пат кон соблекувалната – беше видливо фрустриран, не можеше да поверува што го снајде.

Македонски



