
Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во реконструираната спортска сала во Куманово игра против репрезентацијата на Романија во рамки на претквалификациите за Светското првенство.
Натпреварот го следат кумановци и љубители на кошарката од државата, а меѓу нив се и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министри, пратеници, преставници од локалната самоуправа. Пред почетокот на натпреварот се обрати кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Реконструкција на салата опфати замена на покривот со изолација, нови епоксидни подови, обновени санитарни јазли…. Целосно е реконструирана и боксерската сала и изградена е стрелана за спортска стрелба. Салата располага и со нови соблекувални, теретана и современ систем на осветлување, нов семафор, трибини. Сега салата согласно стандардите на ФИБА има капацитет од околу 3.200 до 3.300 седишта