
Сан Антонио ја победи Оклахома Сити во полуфиналето на НБА Купот со 111:109. Натпреварот се одржа во „Т-Мобиле Арена“ во Лас Вегас.
Девин Васел постигна 23 поени за Спарс, додека Стефон Касл, Де’Арон Фокс и Виктор Вембањама постигнаа по 22 поени. Во поразениот тим се истакна Шеј Гилџус-Александар со 29 поени.
Сан Антонио ја прекина серијата од 16 победи на Оклахома Сити. За актуелниот НБА шампион, ова е вториот пораз во сезоната 2025/26.
Тимот од Тексас се пласираше во финалето на НБА Купот и ќе се соочи со Њујорк. Натпреварот ќе се одржи на 16 декември во Лас Вегас.

Македонски






